Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски повеќе од сигурно ќе ја има најдобрата одбрана на колото.
Во дуелот од 13.коло на Лигата на шампионите, неговиот тим Порто игра на домашен терен против словенечкиот Целје. Португалскиот тим забележа победа со 32-30.
Македонецот натпреварот го заврши со 14 успешни интервенции.
Митревски имаше неверојатна одбрана во 23.минута кога успеа да спречи атрактивен гол од цепелин на противникот.