Македонскиот првак Еурофарм Пелистер и во 13-тиот натпревар во Лигата на шампионите претрпе пораз.

Пелистерци во последниот меч пред својата публика во Битола, вечерва загубија од данскиот Алборг со 28-33.

Е.Пелистер беше рамноправен противник во првиот период. Се до 20-минута резултатот беше израмнет (10-10). Данците ги искористија исклучувањата кај зелено-белите и на пауза заминаа со три гола позитива (17-14).

На стартот на вториот дел гостите врза три гола, и се одлепија на +6, а набрзо и на најголеми +7 (23-16 и 24-17). Таквата предност искусниот дански тим не ја испушти и на крајот заслужено славеше со конечни пет разлика (33-28).

Во редовите на пелистерци најефикасен беше Филип Кузмановски со 9 гола, додека Урош Борзаш постигна 6.

Последниот свој натпревар во елитната лига Еурофарм Пелистер ќе го одигра следната среда, кога ќе гостува кај норвешкиот Колштад.