Италијанскиот првак Наполи влегуваат во форма во вистински момент. Вечерва во натпревар од 21.коло на Серија А, тимот на Наполи славеше на гостувањето кај Сасуоло со 6:1.

Иако домаќините поведоа први со голот на Рачиќ (17.минута), следуваа пет гола за тимот од Неапол.

Серијата ја отвори Рахмани во 29-тата минута.

Следуваа три гола постигна Нигериецот, Виктор Осимен (31, 41 и 47.минута).

По него следуваа и двата гола на Квадрацкелија (51 и 71.минута) за конечни 6:1 за Наполи.

Иако ова е прва победа на Наполи во Серија А по три натпревари, сепак доаѓа во вистински момент.

Наполитанците веќе недела го играат дербито со Јувентус, а потоа дуелот со Торино, по што следува реванш осминафиналниот меч со Барселона во Лигата на шампони.