Женска одбојкарска јуниорска репрезентација на Македонија (У18) ќе настапи во вториот круг квалификациите за Европското првенство 2024-та.
Македонските јуниорки иако не остварија ниту една победа во првата рунда во Софија, сепак поради откажувањето на неколку селекции ќе играат во втората фаза.
Тие за противнички во Б групата, чии натпревари ќе се играат во Врњачка Бања 11-13 април.
Покрај домаќинките Србинките, за противнички ќе ги имаат и врсничките од Чешка и Холандија.
Потсетување дека и јуниорите ќе играат во вториот круг на квалификации. Тие од 12 до 14 април ќе играат во Италија, а покрај домаќинот за противници ги имаат и Израел и Грција.