Ракометниот суперлигаш Голден Арт го назначи Стојан Петрушевски за нов „шеф“ на стручниот штаб.

Ваквата одлука на раководството на Голден Арт беше очекувана, откако клубот ги загуби првите два натпревари во плејаут конкуренцијата.

Петрушевски доаѓа на местото на Филип Глигоров и ќе има првенствена задача, да избори опстанок во елитната конкуренција.

„Чест мие што доаѓам во една млада и перспективна екипа, која заслужува да игра плејоф.

Заедно со стручниот штаб на клубот се надеваме дека ќе избориме опстанок во супер лигата, зашто овие млади играчи го заслужуваат тоа, а исто така и клубот кој обезбедува и овозможува одлични услови за работа.

Целта е јасна, одиме понатака“, истакнува Петрушевски .

Тој веќе одработи тренинг со тимот, а дебито на клупата на Голде Арт ќе го има на 3 март во дуелот со Прилеп на гостински.

Во претстојното викенд коло Голден Арт ќе биде слободен, бидејќи екипата на РК Аеродром е исклучена од натпреварувањето.