Македонските кошаркарки вечерва патуваат за Сараево каде во четврток ќе го одиграат претпоследниот натпревар од квалификациски циклус за Европското првенство што годинава ќе се одржи во Израел и Словенија,
Селекторот Александар Ашаданов, макар и за момент, може да здивне.
Откако подготовките ги започна со само седум кошаркарки, Ашаданов вчера и денеска на последниот тренинг (закажан за 18 часот), на располагање ги има интернационалките.
Ударното трио предводено од капитенот, Анџелика Митрашиновиќ, Нена Трајчевска и Александра Стојановска, како и Тијана Митрева и Милица Николиќ, им се приклучија на останатите.
И со вакви проблеми, нашите кошаркарки ќе ги одиграат последните два меча во овие квалификации.
Првиот против БиХ во четврток од 20 часот во Сараево, а вториот во Скопје, против Белгија закажан за во недела од 18 часот во СЦ „Кале“.
Македонија е на последното место во А групата без победа, Босанките имаат “скор“ 2-2 (победи-порази), а Белгија и Германија се на првите две места со 3 победи и еден пораз.