• Женската сениорска репрезентација на Македонија овој месец ќе ги затвори квалификациите за пласман на Евробаскетот кој во наредната година ќе се одржи во Израел и во Словенија.

Селекторот Александар Ашаданов во недела од 18.часот, во СРЦ „Кале“ ќе ги собере нашите најдобри кошаркарки.

За дуелите кои следуваат, на 9. февруари, против БиХ на гостински терен, и три дена подоцна во Скопје против Белгија, селекторот Александар Ашаданов планираше 17. кошаркарки.

Но извесно е дека на првиот тренинг, предвиден за недела од 18.часот, во салата на СЦ „Кале“ во Скопје, ќе мора да ги менува плановите.

Ги прават повредите на неколку кошаркарки, кои беа дел од тимот во ноемврискиот квалификациски „прозорец“.

Она што го радува Ашаданов секако е враќањето во екипата на капитенот Анџелика Митрашиновиќ, која ги надмина здравствените проблеми, но не може да побегне од проблемите

„Подготовките, кои ќе бидат со краток временски рок, со оглед на тоа дека поголем дел од девојките кои играат во странство, имаа(т) клупски обврски, ги почнуваме в недела, кога е закажан и првиот тренинг, кој ќе биде за жал, во некомплетен состав.За жал, и овој пат нема да бидеме во комплетен и најсилен состав”  изјави селекторот Ашаданов.

Aмериканката Мерит Хемпе, која игра во Турција, доби повреда на грбот и ќе биде надвор од теренот четири недели. Матеа Николиќ има истегнат лигамент, така што и таа нема да допатува на овие подготовки. Илина Селцова исто така има проблем со коленото, па ќе мора да оди на проверка да види за што точно станува збор.

Списокот од 17 кошаркарки, конечно ќе биде скратен откако ќе видиме на кого ќе можеме да сметаме, со тоа што ако и Селцова не биде способна за игра, тогаш за БиХ ќе патуваат 14 кошаркарки“ – вели Ашаданов на ден пред почетокот на февруарскиот „прозорец“.