Нема одмор за мкеоднскиот првак Еурофарм Пелистер. По саботото „супер дерби“ со Вардар, пелистерци веќе утре ги очекува нов тежок меч.
Во натпревар од 11.коло на Лигата на шампионите, македонскиот првак го пречекува францускиот и европски гигант ПСЖ.
За прв пат на овој меч во зелено-белиот дрес ќе го видиме и новото засилување, екс македонскиот репрезентативец Дејан Манасков.
Едвај чекам да започне натпреварот во среда. Мотивиран сум за тоа не треба да се разговара. Чест и е што може по една година пауза, повторно да настапувам во Лигата на шампионите. Мислам дека се доволно подготвени. Имаме убав “моментум“ по последната победата и се надевам на добар натпревар во среда. Фаворитската улога ќе им ја препуштиме на нив, но нема така лесно да ја ”продадеме кожата”. Сепак верувам дека можеме да изненадиме некого, особено пред домашната публика, а зошто да не и на другите натпревари“, изјави Манасков.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се игра утре, со почеток од 18.45 часот.