Победата на Вардар за Еурофарм Пелистер е мотив повеќе и за претстојниот предизвик во Лигата на шампионите. 

Дуелот со ПСЖ, доаѓа во вистински момент смета тренерот на пелистерци, Бранислав Ангеловски. 

Тој се надева дека неговите избраници ќе ја повторат играта од саботата и дека ќе може да одиграат неизвесен меч со големиот фаворит. 

„Во среда треба да биде празник на ракометот во нашиот град. Доаѓа една од најдобрите екипи со најдобрите ракометари. Париз е секогаш еден од фаворитите за освојување на Лигата на шампиони.

На натпреварот со Вардар употребувавме дел од тактиката што ќе ја користиме и за ПСЖ. Затоа подобар момент за дуел против ПСЖ после победата над Вардар за нас не можеше да има.

Се надевам дека ќе ги повториме добрите игри од последните натпревари во Лигата на шампионите и дека ќе играме натпревар на “една топка“, истакнува Ангеловски.