Дербито на вечерва во НБА лигата се одигра Милвоки каде гостуваше шампионот Денвер.

На задоволство на домашните навивачи „Бакс“ славеа убедлива победа над „Нагетс“ со 112-95.

Индивидуално, Јанис Антетокумпо ја доби пресметката со Никола Јокиќ.

Двајцата имаа даб-дабл, а Гркот на 36 поени додаде 18 скокови, додека Србинот заврши со 29 поени, 12 скокови и осум асистенции.

Уште еден брилијантен натпревар одигра Словенецот, Лука Дончиќ кој оствари троен ефект.

Словенецот, во победата на Далас над Вашингтон (112-104) реализира 26 поени, 15 асистенции и 11 скокови. Со 26 поени во победничката екипа заврши и Кајри Ирвинг, а еден помалку (25) на спротивната страна имаше Дени Авидја.

На останатите натпревари:
Шарлот – Индијана 111-102
Кливленд – Филаделфија 121-123
Атланта – Чикаго 126-136
Торонто – Сан Антонио 99-122
Хјустон – Њујорк 105-103
Мемфис – Њу Орлеанс 87-96
Милвоки – Денвер 112-95
Далас – Вашингтон 112-104
Јута – Голден стејт 107-129
ЛА Клиперс – Минесота 100-121