Македонската кошаркарска репрезентација за десетина дена го почнува новиот циклус на квалификации, овој за Европското првенство 2025-та.
Македонија ќе настапува во „Х“ групата во која за противници ќе ги има Литванија, Естонија и ко-домаќинот на првенството Полска.
Имајќи в предвид дека Полјаците се сигурни учесници на Евробаскетот, од нашата група само последно пласираната нема да игра на првенството.
Главен конкурент на црвено-жолтите ќе биде Естонија, селекција против која го отвораме квалификацискиот циклус.
Дуелот со Естонците ќе се игра во СЦ „Кале“ во Скопје на 23 февруари од 19 часот.
Денеска КФМ информира дека се пуштени во продажба картите за овој натпревар.
Картите може да се купат онлајн на mktickets по цена од 250 денари.