Не едно, туку две засилувања за само еден час промовираше ФК Вардар. Откако го најавија Хрватот, Михаел Бришки, премалку вардарци се „пофалија“ со нов фудбалери во своите редови.

Имено, станува збор за играчот од Гамбија, Кеба Кебел Сусо.

26 годишниот фудбалер, доаѓа од екипата на Јадран Декани од Словенија каде постигна 7 голови на 12 натпревари и треба да го засили нападот.

Во досегашниот тек на кариерата Сусо настапувал и за екипите на Атард и Викторија Хотспурс на Малта.

Со доаѓањето на Горазд Михајлов на тренерската позиција, вардарци направија голема реконструкција во составот.

Целта е јасна опстанок во прволигашкото македонско друштво, а задачата секако ќе биде тешка.