Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски е вистинска „машина„ за голови. Штипјанецот игра фантастична сезона во шкотскиот тим Абердин.
Миовски и Абердин попладнево го играат натпреварот од осминафиналето во шкотскиот куп против Бонириг Роуз.
Абердин победи со 2-0 и тоа благодарение на Миовски.
Македонецот го отвори резултатот во 17-татата, а веќе во 25-тата минута зголеми на 2-0.
Инаку Миовски сезонава веќе има постигнато 22 гола. Тој на изминатите натпревари, беше стрелец и во дуелите против гигантите Глазгов Ренџерс и Селтик.