Екипата на Лајпциг одигра нерешено на гостински терен против Аугзбург  2:2.

Нашиот Елиф Елмас влезе од клупата во 68-та минута при резултат од 2:2. Елмас не успеа да му помогне на својот тим да дојде до трите бода.

Аугзбург поведе со 1:0 во 35-тата минута преку Филип Тиец, но само 4 минути подоцна Луис Опенда биеше за 1:1.

На стартот на вториот дел Лајпциг дојде до пресврт. Најзаслужен за тоа беше Бенџамин Шешко кој во 52-та минута со глава биеше за водство од 2:1 на гостинот.

Набрзо (60-тата минута), Демировиќ изедначи на 2:2 со што го постави и конечниот резултат. А до крајот на натпреварот, Опенда не успеа да реализира удар од белата точка во 81-та минута.

Вториот македонски репрезентативец во Бундес лигата, Агон Елези поради повреда не беше во составот на Бохум против Ајнтрахт Франкфурт, кои одиграа нерешено 1:1.