Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ја продолжува својата голгетерска серија. Во дуелот од 24.коло на шкотската Премиер лига, Миовски го постигна голот за Абердин против Селтик.

Иако составот на Селтик, кој е лидер на табелата, важеше за фаворит, сепак Македонецот, му „пресуди“ и му однесе два бода, во натпреварот што заврши без победник 1-1.

Гостите први постигнаа гол во 4.минута, но беше поништен порази офсајд. Првиот дел заврши со почетниот резултат 0-0.

По само пет минути игра во второто полувреме Миовски беше на вистинското место по акцијата на Полвара.

Сепак фаворитот брзо ја анулира негативата преку Германецот, Кун во 64-тата минута.

Миовски во 84.минута и по втор пат ја затресе мрежата на Селтик, но голот беше поништен поради офсајд. Инаку интересно е да се напомене дека овој меч мина без ВАР поддршката, бидејќи системот пред натпреварот се расипа.

За Миовски ова беше 12-ти гол во првенството, а вкупно 19-ти сезонава.