Манчестер Сити го совлада Евертон на „Етихад“ со 2:0 во првиот натпревар од раниот термин на 24.коло од Премиер лигата.

Ерлинг Халанд ги постигна двата гола со кои му ја донесе победата на домаќинот.

Сити ја имаше топката во „своите нозе“ и целосната иницијатива во првото полувреме, но без посериозни прилики за гол.

Евертон пак не се бранеше туку цврсто напаѓаше и се обидуваше да му приреди изненадување на противникот.

Најдобриот стрелец на „граѓаните“, Ерлинг Халанд, постигна прекрасен погодок со волеј-удар во 71-та минута за водство на Сити од 1:0.

Прекрасната асистенција во 85-тата минута на нововлезениот Кевин де Брујне, во гол ја претвори Халанд, кој го постигна вториот гол и му донесе три бода на својот тим.

Со оваа победа, Сити изби на врвот на Премиер лигата со 52 освоени бодови поминувајќи го Ливерпул, кој е на 2.место со бод помалку.