Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски не престанува со импресивните настапи. Миовски беше стрелец н нов гол за Абердин во шкотската Премиер лига.

Иако неговиот тим загуби на гостувањето на гигантот Глазгов Ренџерс, Миовски одигра уште еден фантастичен меч.

Откако пред три дена постигна гол против Селтик, сега Миовски ја затресе мрежата и на „Ренџерси„.

Тој во финишот на првиот дел (45.минута) на ефектен начин го израмни резултатот.

За Миовски ова беше 13-ти гол во првенството, а вкупно 20-ти сезонава.

Сепак тоа не го спаси Абердин од пораз, бидејќи Катвел во 75.минута му донесе победа на Глазгов со 2-1.