Луис Хамилтон, на крајот на 2024 година ќе го напушти Мерцедес и ќе стане нов член на Ферари.
Информацијата ја објавија од германскиот тим, а ја потврдија и Италијанците.
Хамилтон е седумкратен светски шампион, се прослави како возач на Мерцедес во чиј болид освои дури шест титули.
Британецот во кариерата стигна до дури 103 победи, од кои 90 во Мерцедес. Останатите како возач на Мекларен, со кој го освои и светскиот шампионат.
Тимски колега на Хамилтон во Ферари од 2025 година ќе биде Шарл Леклер.
Двајцата треба да стават крај на апсолутната доминација на Ред Бул и Макс Верстапен кој е три години во низа е шампион.