Трет ден натпревари на Европското првенство за ракометари што се одржува во Германија.

И денеска ќе се играат натпреварот од првата рунда во две групи.

Сите четири денешни натпревар кои се во рамките од Б и Ц групите треба да донесат интересен ракомет.

Во Минхен во програмата ќе ја отворат селекциите на Исланд и Србија. Малата островската земја има голема традиција во ракометот, на на овој шампионат влегува со амбиции за висок пласман. Исланд ќе има и голема поддршка од навивачите, најавени се дури 4.000 во салата со капацитет од 11.000 луѓе.

Во вториот меч Унгарија ќе ја има улогата на фаворит не само во вечерашниот дуел со Црна Гора туку и воопшто во Ц групата.

(Минхен) Ц група
18:00 ИСЛАНД – СРБИЈА
20:30 УНГАРИЈА – ЦРНА ГОРА

Во Мајнхајм каде ќе се играат дуелите од Б групата дербито е во вечерниот термин.

Шпанија секако е еден од конкурентите за највисок пласман на првенството. „Црвената фурија“ за противник ќе ја има Хрватска која сигурно не е на рамништето од минатата деценија, но секогаш е при самиот врв на европскиот ракомет.

(Мајнхајм) Б група
18:00 АВСТРИЈА – РОМАНИЈА
20:30 ШПАНИЈА – ХРВАТСКА