Кошаркарите на Црвена Звезда забележаа победа над Фенербахче, во воведниот натпревар од 18.коло на Евролигата.
На натпреварот одигран во Истанбул, гостите од Белград до триумфот со 85-76 стигнаа со одличната игра во последната четвртина.
По израмнетата прва четвртина, на стартот на втората Фенербахче имаше најголеми 10 разлика. Сепак, белграѓани не дозволија домашниот дим да се одлепи повеќе, па на полувремето се замина со поен предност за Фенер (35-34).
И во третиот период иста слика. Домаќините имаа двоцифрена предност која гостите ја анулираа, па во последниот период се влезе со израмнети 57-57.
Направија црвено-белите низа од 12-4 и поведоа со осум разлика. Таа предност рутински ја одржуваа и на крајот заслужено славеа со конечни 85-76.
Болонбој со рекордни за него 24 поени беше прв стрелец во победничката екипа, за која Литванецот, Гедраитис постигна 19.
Ова беше само седмата победа на Црвена Звезда, а осми пораз за Фенербахче, прв по четирите врзани победи.