Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски со својата екипа Рајо Ваљекано нова 2024-та година ја започна со победа.

Рајо славеше на гостувањето кај Гетафе со 2-0 во воведниот натпревар од 19.коло на Ла Лига.

Мирното прво полувреме во кое речиси и да немаше шанси, заврши со гол од единствената. Се играше судиското дополнување кога Сергио Камељо му донесе водство на својот тим.

Истиот фудбалер по само две минути игра, со својот втор гол зголеми на 2-0. Домаќините во продолжението останаа со играл помалку откако Гринвуд заработи црвен картон.

Димитриевски речиси и да немаше работа на овој меч по кој Рајо се зацврсти на 11.место со 23 бодови колку што има и Валенсија.