Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево ќе се собере во Скопје, со што ќе започне подготовката за настап на Европското првенство.

Селекторот Кире Лазаров ќе ја направи првата прозивка на 19-мината ракометари кои се на неговиот список.

Од нив само тројца се интернационалци, а двајца подоцна ќе им се приклучат на останатите.

Поради обврски во своите клубови во португалското првенство, Никола Митревски (Порто) и Филип Талески (Бенфика) ќе ги нема на првата прозивка.

Подготовките за шампионатот во Германија, македонските ракометари ќе ги одработат во две фази.

Тие утре заминуваат за Стара Пазова, каде ќе се подготвуваат до новогодишните празници, а  ќе се контрола со Црна Гора.

Завршните подготовки ќе бидат во Скопје каде се планирани и двата контролни натпревари со Грција.

Македонија ја очекува тешка група на Европското првенство во Германија. Црвено-жолтите ќе играат во група со домаќинот, Франција и Швајцарија, а само двете прво пласирани селекции ќе минат во главната фаза.

Се за настапите на Македонија на европското првенство може да следите овде.

МАКЕДОНИЈА НА ЕУРО-ХАНДБАЛ 2024