Македонската кошаркарска легенда Врбица Стефанов иако долги години е надвор од кошарката сепак останува во сеќавањата на Италијанците. 

Популарниот Врба, вчера наполни 50 години. Тој роденденот го прослави со својот син Рубин кој во моментов игра за италијанската екипа Пескара. 

Токму од оваа екипа потсетија дека Врбица најблескавите денови во својата кариера ја имаше во Италија, односно тимот на Монтепаски. 

Од екипата на Пескара, честитајќи му го роденденот ги наброија и успесите кои ги постигнал Врбица. Воедно од Прескара се заблагодарија што ја имаат неговата доверба, па Стефанов „јуниор“ (Рубин) сега е дел од оваа екипа. 

Инаку 18-годишниот Рубин ја игра својата прва професионална сезона во сениорска конкуренција и е еден од ТОП 5-те стрелци во Серија Б.