Само четири натпревари се одиграа ноќеска во НБА лигата. Два од нив донесоа супер интересна завршница. 

Екипата на Голден Стејт славеше победа пред своите симпатизери против Бостон во дербито. Натпреварот беше решен по дополнителните 5.минути, откако Воините надополнија 17 поени негатива и се изборија за продолжение. До триумфот ги предводеше Стеф Кари со 33 поени од кои 6 тројки. 

 

Џа Морант имаше неверојатно враќање на терените. По суспензијата од 25 натпревари, Морант го одигра првиот меч сезонава. Тој со соло акција во последната секунда му донесе победа на Мемфис во дуелот со Њу Орлеанс со конечни 115-113. 

 

Индивидуално вечерта мина во знакот на Демјан Лилард и Јанис Атетокумпо. Тие го водеа Милвоки до триумф над Сан Антонио со 132-119. Лилард постигна 40 поени и ја мина границата од 20.000 поени во кариерата. Јанис пај мечот го заврши со нов трипл-дабл со 11 поени, 16 асистенции и 14 скокови.

Во последниот натпревар, Портланд го доби Феникс на домашен терен со 109-104. Бадијала се покажаа 40-те поени на Кевин Дурент кога неговиот тим го претрпе 13-тиот пораз сезонава, а Портланд ја прекина низата од седум порази.