Младата репрезентација на Македонија за ракометари до 20 години ја забележа втората победа на „Трофеј Карпати“
Откако вчера ја надиграа Саудиска Арабија, денеска нашите младинци ја надиграа Словачка, Во натпреварот од 2.коло на турнирот во Романија, репрезентацијата на Македонија славеше триумф со 33-23.
Словаците беа рамноправни само во воведните 7.минути кога резултатот беше израмнет 3-3. Следуваше серија од пет гола на црвено-жолтите за водство од 8-3. На полувремето Македонија веќе имаше седум голови предност (18-11). Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ продолжија во ист ритам и во второто полувреме. На крајот нашите младинци слеа убедлив триумф изразен со — гола разлика.
Димитар Узунчев со 10 гола беше најефикасниот македонски ракометар. Самоил Ристевски постигна 7, а Давид Димевски беше стрелец на 5 гола.
Утре во последната рунда македонското младинци во дуелот за 1.место ќе играат со домаќинот Романија.