Манчестер Сити на својот „Етихад“ ремизираше со Кристал Палас – 2:2. И покрај водството од 2:0 до 76-тата минута, Сити на крајот само со бод на домашен терен.

Џек Грилиш биеше за водство од 1:0, а на 2:0 зголеми Рико Луис. Се изгледаше сјајно за Сити до 76-тата минута кога Матета намали на 2:1. Херојот на Кристал Палас беше Мајкл Олисе, кој во 95-тата минута погоди од пенал за бод на тешкото гостување во Манчестер.

По двата порази во низа, Њукасл се враќа на победите во Премиер лигата по убедливиот триумф на домашен терен над десет-бројниот Фулам со 3:0.

Во првиот дел гостите останаа со играч помалку, Раул Хименез стартуваше остро и беше казнет со директен црвен картон во 22-та минута. Издржливоста на Фулам траеше до 57-та минута кога младиот Луис Мајли постигна погодок за 1:0. А, до крајот на натпреварот со головите на Мигуел Алмирон во 64-тата и Ден Брн во 82-та минута, Њукасл дојде до сигурна победа од 3:0.

Челзи рутински го совлада Шефилд Јунајтед на домашен терен со 2:0. Головите ги постигнаа Кол Палмер во 54-тата и Николас Џексон во 61-та минута.