Брзоногиот денес бек на Португалија и Манчестер Сити, сезоната ќе ја прдолжи во Михнен, во дресот на шампионот на Германија, Баерн.
Манчестер Сити и Баварскиот тим се договорија за позајмица до крајот на сезоната со можност за откуп по истекот на истата.
Според она што го објави реномираниот новинар, Фабрицио Романо, цената која Минхенски Баерн ќе треба да ја плати за откуп на Кансело, ќе изнесува 70 милиони евра плус дополнителни бонуси.
Кансело може подеднакво добро да ги покрива и десната бековска и крилна позиција и се очекува да биде големо засилување за тимот на Нагелсман.