Македонскиот атлетичар и олимпиец од игрите во Токио, Јован Стојоски, имаше одличен настап на митингот во Будимпешта.

Имено Стојоски, на регионалниот митинг во Унгарија, во конкуренција на 50 натпреварувачи во неговата дисциплина, 400 метри, го освои првото место, со време 47.69, што претставува негово најдобро време оваа сезона.

Стојоски минатата сезона имаше неколку забележителни резултати, а токму во Будимпешта, го постави националниот рекорд на 400 метри во сала, 47.18. Настапи и на Светското првенство во сала, кое се одржа во Белград, каде беше единствен Македонски претставник.

Токму низата добри резултати беа причина да ја добие и наградата, најдобар машки атлетичар на Македонија за 2022 година.