Фудбалерите на Штутгарт го совладаа Вердер Бремен со 2:0 во натпреварот од 13.коло на Бундес лига.
Блескаа вечерва напаѓачите на популарните „Шваби“, Дениз Ундав и Серху Гираси, со чии голови Штутгарт е третото место на табелата.
Домашната екипа поведе во 17.минута со голот на Ундав.
Победата на Штутгарт ја обезбеди фантастичниот Гираси. Со својот 16-ти гол во првенството на 15.минути пред крајот на натпреварот ги постави конечните 2:0.
Со оваа победа Штутгарт се зацврсти на 3.место на табелата со 30бодови. Сега има четири помалку од водечкиот Баер Леверкузен, односно два помалку од Баерн Минхен кој е втор.
Standings provided by Sofascore