Реал Мадрид кратко беше на втората позиција на табелата зад Џирона. „Кралскиот“ тим со сигурен триумф против Гранада со 2:0, се врати на врвот.

Во натпревар со повеќе груби фаули отколку атракција, Реал со победа се врати на врвот на Ла Лига.

Во првото полувреме Реал беше подоминантен и тоа даде плод. По фантастична асистенција на Крос, Брахим го отвори резултатот. На 2:0 зголеми Родриго во вториот дел. Со 5 гола во 3 натпревари Бразилецот продолжува да игра во фантастична форма.

Реал со овој триумф се врати на врвот на Ла Лига кој што го дели со Џирона. Двата тима имаат по 38 бода по 15 кола. Гранада со 7 бода е на претпоследната позиција во Премиера.

Андреј Велјаноски