Младата репрезентација на Македонија до 19 години забележа убедлив триумф над селекцијата на Саудиска Арабија во контролен натпревар одигран во Тарагона, Шпанија.
Избраниците на селекторот Тони Јакимовски ја потврди својата добра форма и продолжија со добрите игри и резултати.
Македонија до 19 години одигра одличен натпревар против Саудиска Арабија, постигнувајќи четири погодоци во мрежата на противникот.
Елмас стрелаше прецизно во 21. минута за водство на Македонија од 1:0. По одличниот центаршут на Марковски, Величковски во 33. минута се најде на вистинско место, биеше со глава прецизно за предност од 2:0.
Во продолжението од средбата, младата репрезентација на Македонија продолжи во ист ритам како што го заврши првото полувреме.
Зенделовски во 83-тата минута постигнува еврогол за убедливо водство на Македонија од 3:0. Конечните 4:0 ги постави Николовски во 90-тата минута од мечот.