Иако го доигра својот најдобриот натпревар, македонскиот првак Еурофарм Пелистер го претрпе и седмиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва пред својата публика пелистерци се поразени од унгарскиот ПИК Сегед со 27-28. 

Првиот дел му припадна на гостинскиот ти. Почетните 1-0 и 2-1 за Пелситер, гостите направија серија од 4-0 и победеа со 5-2. Предноста од три гола Сегед ја одржа до крајот на полувремето 15-12. 

Во вториот дел гостите имаа и најголеми +5 (19-15) но, пелистерци со четири гола во низа стигнаа до израмнување (191-19). Но самата завршница Сегед постојано имаше гол предност. Пелистер стигна до израмнување 27-27 и се чинеше дека ќе го освои првиот бод. Но, така не мислеше  Зита кој на 10.секунди пред крајот му донесе триумф на Сегед со 28-27. 

Во екипата на Пелистер најефикасни беа Борзаш со 6 и новото засилување Кузмановски со пет гола. Седум гола за победничката екипа постигна Шоштариќ имаше седум а Степанчиќ шест гола.

Следен предизвик на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите е Киелце, на 30 овој месец во Полска.