Младата репрезентација на Македонија до 21 година во октомври ја очекуваат два тешки натпревари против селекциите на Грузија и Австрија.
На 16. ноември силите ќе ги одмериме со Грузија, на домашен терен. Тоа е натпревар од 4.коло во квалификациите за пласман на ЕП 2025 што ќе се одржи во Словачка.
Репрезентацијата на Македонија предводена од селекторот Драги Канатларовски денеска официјално ќе ги започне подготовките за претстојните два меча со Грузија и Австрија.
Еден од нашите клучни играчи Хамза Рамани, даде свое видување и коментар за претстојните мечеви.
Мечот со Грузија од квалификациите за нас е од голема важност. Треба да бидеме максимално фокусирани и посветени во текот на сите деведесет минути, да оставиме срце на терен. Само така можеме да се надеваме на позитивен резултат.
По негативниот резултат со Молдавија, се надевам дека веќе на следниот меч ќе се вратиме на победите и играта која не красеше на првите два натпревари. Се надевам и верувам дека ќе успееме да излеземе како победници на дуелот со Грузија.
Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. Верувам дека само позитивните резултати може да ја кренат уште повеќе нашата мотивација и да освежат дополнително атмосферата во тимот, која е на високо ниво“.
Пет дена подоцна, ќе се соочиме со Австрија на гостински терен во контролен натпревар кој ќе биде одигран во Риед.