Младиот бек Иван Џонов верува дека со дисциплинирана игра Алкалоид може да му се спротивстави на фаворизираниот Силкеборг.
Данскиот тим е типична скандинавска екипа која игра брз и динамичен ракомет. Затоа ние мораме да играме дисциплинирано во нападот, без брзање, вели Џонов.
„Силкеборг ќе биде за нас најголемиот предизвик.
Тактички добро сме подготвени, па ако одиграме најдобро што знаеме и го испочитуваме договореното можеме да стигнеме до позитивен резултат.
Ќе ни биде потребна и поддршка од навивачите. Ги повикам сите љубители на ракометот да дојдат утре и да го проследат овој натпревар кој верувам ќе биде многу квалитетен“,
изјави Џонов.
Натпревар Алкалоид – Силкеборг што ќе се игра утре во „Јане Сандански“ ќе почне од 18.45 часот.