Данскиот тим Бјерингбро Силкеборг утре гостува во Скопје, кај македонскиот вицепрвак Алкалоид во натпревар во ЕФХ Европската лига.

Противникот е фаворит, во тоа нема сомнение. Но, доколку се укаже шанса ќе гледаме да ја искористиме изјави Кирил Лазаров на денешната прес-конференција.

„Данска екипа со години наназад игра на европската сцена. Сезонава со ангажманот на Лауге од Веспрем, што кажуваат дека утре ќе имаме сериозен противник.

Ние почетната трема ја надминавме. Во Шпанија покажавме дека можеме да играме одличен  ракомет.

Очекувам тврд, силен натпревар, фаворитската улога им ја препуштаме на гостите, тоа е реалноста, но ние ќе гледаме да се поставиме добро и ако ни се укаже шанса да го искористиме моментот и да стигнеме до позитивен резултат“,

потенцира Лазаров.

Натпреварот од 3.коло на  „Ф“ групата, ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ со почеток од 18.45 часот.