Утринава во Мелбурн беа одиграни првите два меча од четвртфиналната рунда во женска конкуренција, по што е формиран и првиот пар за полуфиналето. Во него ќе играат Викторија Азаренка и Елена Рибакина.
Белорусинката, Азаренка (24-рангирана) за еден час и 39 минути го доби мечот со третата носителка во Мелбурн, Џесика Пегула од САД, совладувајќи ја во два сета..
По израмнетиот прв сет кој белоруската тенисерка го доби со 6-1, во вториот Американката тотално излезе од ритам па освои само еден гем, а Азаренка го доби сетот со 6-1.
Нејзината противничка во полуфиналето (22) Елена Рибакина од Казахстан загуби само гел повеќе во осминафиналниот меч со (17) Елена Остапенко од Летонија, која актуелната шампионка од Вимблдон ја победи со 6-2 и 6-4.
Втората полуфинална двојка кај дамите ќе ја дознаеме утре откако ќе бидат одигран преостанатите два меча од четвртфиналната рунда во кои ќе се сретнат, (5) Арина Сабаленка (Белорусија) – Дона Векиќ (Хрватска), односно (30) Каролина Плишкова (Чешка) – Магда Линет (Полска)