Утре (15 ч.) Пелистер за противник ќе го има Спас Илиџа

Во Бања Лука од денеска до недела ќе се играат натпреварите од четвртиот турнир во регионалната АБА2 кошаркарска лига, во која Македонија има два свои претставници.

Освојувачот на кошаркарскиот куп на Македонија, екипата на ТФТ вечерва ќе го игра осмиот натпревар.

Екипата од скопската населба Тафталиџе, за која ова е дебитантска сезона во регионалното натпреварување, за противник го има составот на Шенчур од Словенија, тимот кој досега нема остварено ниту една победа во седумте одиграни средби.

Затоа со право избраниците на тренерот Боро Смилковски се надеваат на продолжување на победничката серија, откако на претходниот турнир на Златибор, го совладаа екипите на Подгорица и Спарс Илиџа.

Средбата меѓу ТФТ и Шенлур ќе започне во терминот од 21 часот.

Ова е дуел од 8.коло во кое вториот македонски претставник битолски Пелистер за противник ќе ја има екипата на Спарс Илиџа против која ќе игра утре (среда) во терминот од 15.часот.

На овој турнир како и на претходниот планирано е да се одиграат по три натпревари.

Комплетнио распоред на натпреварите на македонските екипи, ТФТ и Пелистер, на овој турнир, може да го видите овде.