Шампионот Струга Трим Лум го загуби и второто дерби во прволигашката конкуренција.
Откако во неделата стружани беа поразен од Шкупи, поплаево загубија од Шкендија.
На заостанатиот натпревар од 2.коло, одигран во Тетово, Шкендија славеше со 1-0.
Единствениот гол на натпреварот го постигна босанскиот интернационалец Алмир Аганспахиќ во 46-тата минута.
Со оваа победа Шкендија се врати на врвот на табелата со 20 бодови, два повеќе од Шкупи и четири повеќе од Силекс. Струга ТЛ остана на 4.место со 15 бодови.
И во следното коло, претстојниот викенд, Струга ја чека ново дерби. На домашен терен го пречекува Силекс. Шкендија пак ќе му гостува на Вардар.