Актуелниот шампион Ѓорче Петров ја оствари и третата победа во женската ракометна Супер лига.

Попладнево во натпревар од третата рунда Ѓорчепетровки лесно стигнаа до трите бодови во дуелот со Металург Автокоманда.

Освен воведните минути од мечот кога резултатот беше 2-2, се натаму беше доминација на „лавиците“.

Избраничките на Симе Симовски брзо направија двојна предност, а на полувреме заминаа со +6 (17-11). Вториот дел само рутински го одработеа, па на крајот славеа со кончени 30-23.

По седум гола постигнаа Ана Марија Коларовска за победничката, односно Теодора Гулицоска во поразената екипа.

Така Ѓорче Петров и Куманово се двете екипи кои имаат максимален ефект 3 од 3 и се на првите две позиции.

Попладнево (18 часот), ќе се одигра уште еден натпревар. Во него екипата на Чаир го пречекува битолски Пелистер.