Фудбалскта репрезентација на Македонија до 21 година ги продолжува натпреварите во квалификациите за пласман на ЕП 2025 година во Словачка.
По триумфот на гостувањето во Шведска и поразот од фаворитот Холандија, младите македонски фудбалери сега ги чека натпревар против Молдавија.
Селекторот Драган Канатларовски денеска го објави списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за претстојниот натпревар.
„Како одминува времето така се повеќе жалам што против Холандија не освоивме барем бод. Но, тоа е веќе минато и сега размислуваме за тоа што претстои.
Во дуелот со Молдавија наша единствена опција е победата. Не само на овој туку и на следниот натпревар. Само така можеме да останеме конкурентни во трка за двете места.
Оваа селекција заслужува да игра на Европскиот шампионат “,
истакна селекторот Канатларовски на денешната прес-конференција.
Во составот на Канатларовски се:
ГОЛМАНИ: Марко Алчевски – А.П. Брера, Стефан Митрев – Кожуф, Иван Николоски – Победа
ОДБРАНА: Михаил Димитриевски – Брегалница, Стефан Деспотовски – Работнички, Решат Рамадани – Динамо Киев, Украина, Имран Фетаи – Кожуф, Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка, Виктор Крстевски – Гостивар, Марио Ричков – Шкупи
СРЕДЕН РЕД: Иван Николов – Сондеријске, Данска, Хамза Рамани – Шкупи, Лука Станковски – Газиантеп, Турција, Алекс Златков – Шкупи, Димитар Тодоровски – Работнички, Матеј Ангелов – Работнички, Ване Крстевски – А.П. Брера, Берат Калкан – Каршијака, Турција, Бехар Фета – Марибор, Словенија, Методи Максимов – Шкендија
НАПАД: Марио Илиевски – Кишварда, Унгарија, Луан Абази – Шкупи, Христијан Малески – А.П. Брера.
Квалификацискиот меч против Молдавија ќе биде одигран на 17. октомври, на стадинот Зимбру, во Кишинев, со почеток во 17. часот по локално време.