Претстојниот натпревар меѓу Украина и Македонија е еден од клучните за двете селекции во квалификациите за Европското првенство 2024-та.

Само победа е опција за двете репрезентации доколку сакаат да ги сочинуваат шансите за евентуален пласман на првенството смета селекторот Милевски.

,,Ситуацијата на табелата е таква што, победата е императив како за Македонија така и за Украина.

Сигурно дека нема да биде лесен натпревар. Знаеме со каков противник играме.

Поучени од првиот дуел во Скопје, сега ќе мора да бидеме сконцентрирани во текот на сите 90+ минути”,

изјави селекторот Благоја Милевски.

Позитивната атмосфера која владее во тимот по одличните настапи во септември, дополнително ги зголемуваат амбициите.

,,Секако дека претходните резултати ја подигнаа самодовербата. Но, тоа е зад нас и сега со сите мисли ќе се насочиме кон дуелот со Украина.

Се надевам дека и по него, атмосверата, но и бодовното салдо ќе бидат уште по позитивни”, заклучи Милевски.

Натпреварот меѓу Украина и Македонија ќе се игра на 14 октомври во Прага.