Ива Приморац или Дејана Радановиќ ќе биде нова шампионка на скопскиот фјучрс што денеска ќе заврши, а се игра на терените на ТК Југ.
Ова значи и продолжување на низата која беше прекината во 2000-тата година, кога беше одигран и последниот турнир во Македонија во женска конкуренција.
Двете тенисерки имаа различен пат до финалето.
Дејана Радановиќ од Србија, (14-носителка) одигра и еден меч помалку, но беше подолго на теренот од својата ривалка, бидејќи два меча ги играше во три сета.
За разлика од неа, Хрватката, Приморац играше еден меч повеќе (не сметајќи тие во двојки). Таа на патот до финалето постигна пет победи и сите во два сета.
Радановиќ беше на теренот досега 8 часа и 34 минути, а Приморац 7 часа и 25 минути.
Победничката и финалистката покрај паричните награди ќе добијат и поени за ВТА листата. Победничката 70, а финалистката 42.
Почетокот на финалето е во 11 часот, а влезот е слободен. Финалниот меч може да го гледате во живо на МРТ3 или овде.
Вчера во финалето на двојки победија Жибек Куламбајева (Казахстан) и Јустина Микулските (Литванија) ги совладаа сестрите од Јапонија, Рина и Јукина Саиго.