Првата рунда во Лигата на шампионите донесе интересен ракомет. Воглавно фаворитите ја оправдаа улогата и стартуваа со победи.

Но, во дербито на премиерното коло, актуелниот шампион Магдебург загуби пред својата публика на унгарскиот Веспрем.

Стартна победа оствари и тимот на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, Порто кој пред својата публика во неизвесен меч ја совлада Висла.

Кил беше убедлив на гостувањето кај Загреб, а Барселона водеше тепка борба во дуелот со Сегед одигран во Унгарија.

Потсетувате дека македонскиот шампион Еурофарм Пелистер пред својата публика беше надигран од Колстад.

РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО
А ГРУПА
Еурофарм Пелистер – Колстад 22:31
Киелце – Алборг 31:34
Загреб – Кил 23:30
Сегед – ПСЖ 29:31

Б ГРУПА
Магдебург – Веспрем 28:33
Порто – Висла Плок 24:23
ГОГ – Целје 38:36
Монпеље – Барселона 25:30