На терените на ТК Југ денеска се играат мечевите по кои ќе бидат познати тенисерките кои ќе имаат и викенд програма на „Триглав опен“ на фјучрсот што се игра во Скопје (награден фонд 40.000 долари).

На програмата се четирите четвртфинални мечеви во сингл и двете полуфиналиња, а три тенисерки имаат двојна програма (Леолиа Жанжан, Сада Нахимана и Јустина Микулските).

Свој настап ќе има и македонската тенисерка Лина Ѓорческа која е четврта носителка и ќе игра против Сада Нахимана од Бурунди (22 год., 292 место ВТА).

Нахимана оваа година има едно финале и тоа на „домашен терен“ во Бујумбура.

Распоред на мечевите од програмата петок 15.септември:

Централен терен (терен број 1) – почеток 10 часот:

Јустина Микулските (Литванија,9) – Деа Херџелаш (БиХ)

Лина Ѓорческа (Македонија,4) – Сада Нахимана (Бурунди,8) не пред 11:30 часот

Жибек Куламбајева (Казахстан), Јустина Микулските (Литванија,1) – Елени Христофи, Димитра Павлу (Грција) не пред 13 часот

Терен број 5 – почеток 10 часот:

Леолиа Жанжан (1,Франција) – Ива Приморац (Хрватска)

Ајла Аксу (Турција) – Дејана Радановиќ (Србија, 14) не пред 11:30 часот

Леолиа Жанжан (Франција), Сада Нахимана (Бурунди,1) – Рина Саиго, Јукина Саиго (Јапонија не пред 14:30 часот.