Македонскиот првак Еурофарм Пелистер со убедлив пораз го започна настапот во Лигата на шампионите.

Во мечот од 1.коло на „А“ групата одигран во Битола, пелистерци беа надиграни од норвешкиот Колстад со 22-31.

По почетното водство 1-0, следуваше серија на гостинскиот тим од седум гола за предност со 7-1.

Со цврстата игра во одбраната која резултираше со 12 интервенции на голманот Бергеруд во првото полувреме, како и брзата контра, Колстад континуирано ја одржуваше предноста и на одмор замина со шест гола предност (10-16).

Во вториот дел ништо поразлична слика. Норвешкиот тим со сетија од три гола, стигна и до најголемите +9 (10-19). Во продолжение се беше само рутина за Колстад кој на крајот славеше со 22-31.

Најефикасен на натпреварот беше Адријан Алберг со 9, додека Гудјонсон постигна 9 голови. Во составот на пелистерци порасположен од останатите беше Богдан Радивојевиќ со 6 голови.

Гостинскиот голман Бергеруд средбата ја заврши со 22 одбрани.

За разлика од ракометарите, битолската публика која ја исполни салата „Боро Чурлевски“ заслужува највисока оценка.

Во следната рунда (13 септември) Еурофарм Пелистер гостува во Данска кај Алборг кој вечерва гостуваше во Полска кај Килце.