Младата репрезентација на Македонија до 21 година замина заминувањето за Јенчепинг. Таму на во петок (8 септември), ќе го игра првиот натпревар во квалификациите за ЕП што ќе се одржи во Словачка 2025 година.
Противник на македонските младинци се нивните врсници од Шведска.
Голманот Марко Алчевски ги сподели своите очекувања пред стартот на квалификациите.
„Постојано растеме ,напредуваме и созреваме од натпревар во натпревар. Функционираме како едно семејство, знаеме сите што значи да се претставува својата држава, подготвени сме за стартот на квалификациите.
Свесни сме дека нема воопшто да биде лесно. Но, искрено верувам дека се ќе зависи од самите нас, нашиот пристап кон натпреварот. Доколку истрчаме на терен со ладни глави, ако функционираме како еден тим, се бориме за секоја топка на теренот и ги слушаме инструкциите на стручниот тим, сигурен сум дека можеме да се вратиме во Скопје со сите три освоени бода“,
вели Алчевски.
Петочниот натпревар меѓу Шведска и Македонија ќе се игра во терминот од 18 часот.
Четири дена подоцна во Скопје силите ќе ги одмериме против фаворитот во групата Холандија.
Репрезентацијата на Македонија до 21 за противници во Ц групата ќе ги има и селекциите на Молдавија, Грузија и Гибралтар.