Ден пред почетокот на натпреварите впќо ,,скопската” група на Европското првенство македонските одбојкари со една желба.
,,Очекуваме полна сала и поддршка од публиката. Тоа секако ќе биде мотив повеќе да се претставиме во најдобро издание.
Подготвени сме и со нетрпение го чекаме утрешниот натпревар”,
изјави капитенот Никола Ѓорѓиев.
Тој со целиот тим утринава беше дел од промоцијата на шампионскиот трофеј.
Водено, церемонијата беше искористена за потпишување на договорот со НЛБ Тутунска Банка која ќе биде од голема помош за организацијата на овој шампионат.
Првиот натпревар Македонија – Данска ќе се игра утревечер од 20 часот.