Младата фудбалскта репрезентација на Македонија до 17 години беше подобра од врсниците од Кипар
Контролниот натпревар одигран попладнево во Струмица, македонските кадети славеа победа со 3-0.
Избраниците на селекторот селекторот Дашмир Беари, во текот на целиот натпревар ја контролираа играта, а преку брзите кантри го загрозуваа противничкиот гол.
Токму таквите акции вродија со плод. Прво во 28-та минута кога Албион Муслиу донесе водство од 1-0, а по тоа во 33-тата кога Марко Киш зголеми на 2-0.
По нецели две минути игра во второто полувреме, повторно од контра беше постигнат третиот гол, а стрелец беше Адмир Латифи.
Ова беше првиот од двата контролни натпревари на овие селекции кои повторно во Струмица ќе играат во четврток (24 август).