Машката сениорска репрезентација на Македонија попладнево ќе го одигра последниот натпревар во олимписките пред-квалификации.
Двата убедливи порази (Израел -21 и Естонија -24), веќе ги отпишаа црвено-жолтите од трката за двете позициите што водат во следната рунда.
Не дека теоретски не постојат шанси за тоа, туку тие се граничат со научна фантастика, и повеќе од тоа.
Математиката вели. За Македонија да влезе во круг на три репрезентации, (Чешка и Естонија) треба да ја совладаме Чешка со најмалку 46 разлика, а потоа Естонија да загуби од Израел!?
Во таков случај трите селекции би имале по една победа и пораз. Македонија во кругот би имала +22 кош разлика, а Естонија +21, Чешка би била далеку зад нив.
Така, јасно е дека избраниците на селекторот Јончевски, денеска со Чесите ќе се борат само да ја спасат честа на мак-баскетот, ако тоа е воопшто можно.
Натпреварот меѓу Македонија и Чешка ќе почне од 15, а вториот меѓу Израел и Естонија од 18 часот.