По еден ден одмор, македонските одбојкари се враќаат а обрвските, подготовките за Европскиот шампионат, чиј ко-домаќин е и Скопје.

Четирите одиграни натпревари треба да дадат појасна слика, до каде е со сработеното досега.

Останува финалната фаза, во која ќе се работи пред се на тактички план.

Избраниците на селекторот Јошко Миленовски се враќаат во својата база СЦ „Борис Трајковски“ каде впрочем ќе се играат и натпреварите на европскиот шампионат.

Следуваат заеднички контролни тренинг-натпревари со Јапонците, од кои во Кавадарци црвено-жолтите загубија во меч со пет сета.

Од петок до недела, ќе следуваат и последните контроли. Македонските одбојкари ќе настапат на меморијалниот турнир „Бранко Хаџииљоски – Чајка“, на кој учество ќе земат и селекциите на Јапонија, Египет и Грција.

Потсетување дека натпреварите на ЕП во „скопската“ група ќе започнат на 30 август. Во неа  Македонија за противници ќе ги има: Данска, Црна Гора, Полска, Холандија и Чешка, со кои ќе играат редоследно.